Утрински Весник
Магазин

Зошто не треба да пиете ладна вода кога е топло?

Voda.jpg

Научниците тврдат дека ладната вода ја забавува хидратацијата на организмот и кога се високи температурите потребно е да пиете пијалаци на собна температура затоа што нив организмот ги апсорбира побрзо.

Ако пиете ладен пијалак веднаш по оброкот, постои можност да настинете. Кога ќе стекнете навика да пиете вода на собна температура, ќе забележите подобрување во варењето на храната и ќе се чувствувате подобро во своето тело по јадењето.

Пиење топол чај исто така има предности затоа што ќе поттикне потење и на овој начин ќе ве разлади, но постои трик: топлиот пијалак ќе ве разлади иако ако надвор не е високо нивото на влага, односно кога воздухот е сув.

Ефектот ќе биде уште подобар доколку носите облека од природни материјали која овозможува испарување на потта.

Можете да прочитате

„Домче“ доби мобилна верзија – македонскиот јазик на дофат на децата во дијаспората

Пилот на Ер Канада со години управувал авиони со фалсификувана лиценца

„Антропик“: ВИ е вон контрола, се предлага глобална пауза