Утрински Весник
Свет

Трамп: Бог ме спаси – 24info.mk

20240714144331 Big 730x400 51.webp.webp

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се огласи по обидот за атентат врз него во Пенсилванија, заблагодарувајќи се „на сите за вашите мисли и молитви, бидејќи само Бог спречи да се случи незамисливото

„Само Бог спречи да се случи незамисливото. Нема да се плашиме, туку наместо тоа ќе останеме издржливи во верата и пркосни пред злобата“, напиша поранешниот претседател во објавата на социјалната мрежа „Truth Social“, пренесува „CNN“.

Тој рече дека се моли за оздравување на ранетите во нападот и додаде дека во нашите срца „го чуваме споменот на еден толку страшно убиен граѓанин“.

Тој посочи дека сега е поважно од кога било „да останеме обединети“.

„Навистина ја сакам нашата земја и ве сакам сите вас, и со нетрпение очекувам да разговарам со нашата голема нација во Висконсин оваа недела“- рече Трамп.

Републиканскиот претседателски кандидат беше застрелан во увото со полуавтоматска пушка за време на митинг во Пенсилванија.

Едно лице од публиката загина, а две се повредени.

Припадниците на Тајната служба го ликвидирале атентаторот, кој е идентификуван како 20-годишен млад човек, регистриран републиканец, од Пенсилванија.

Можете да прочитате

Носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ пристигнува на брегот на Израел

Русија објави локално примирје поради поправки во близина на нуклеарната централа Запорожје

Венс: Нема шанси САД да бидат во повеќегодишна војна на Блискиот Исток