Утрински Весник
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски да престанат да се правдаат на состојбата со буџетот, пари имаат за се

Sdsm.jpeg

Уште неседнати на фотељите, секојдневно ги слушаме функционерите на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, а сега и Николоски како се жалат и правдаат дека било тешко да се работи заради лошата состојба на буџетот.

Почнаа да бараат алиби сакајќи да го оправдаат неисполнувањето на ветувањата како тоа за покачување на минимланата плата, но и за други.

Владата на СДСМ обезбедуваше во континуитет плати за сите вработени во јавната администрација и претпријатијата во сите седум години и во услови на светски кризи. Граѓаните знаат дека СДСМ цели седум години работеше во апокалиптични економски светски кризи или во економско цунами, ако сакаме да се изразиме со речникот на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ниеднаш не се пожали за тоа.

На Александар Николоски и Мицкоски им порачуваме да престанат да создаваат слика во јавноста дека се во многу тешка состојба. Очигледно или се неспособни или со трик сакаат да се прикажат дека состојбата била тешка ама ете тие го решиле проблемот.

Овие застарени пропагандни трикови им доликуваат само на инфантилни популистички партии каква што е ВМРО-ДПМНЕ. Буџет и пари има, им порачуваме да се фатат за работа и не ја замајуваат јавноста.

СДСМ во најтешки економски времиња обезбеди континуирано покачување на платите и пензиите, обебзедивме повеќе од милијарда евра за директна финансиска поддршка на компаниите и граѓаните во кризите и буџет за сите капитални инвестиции. Ако ВМРО-ДПМНЕ не е способна да раководи со буџетот сега кога кризите се зад нас и имаат чиста економска ситуација, тогаш тоа укажува само на голема неспособност.

Можете да прочитате

ВИДЕО: Евакуација на жителите на Немањици

Едно лице загина во пожарот кај кумановско Кокошиње

МЗ: За два и пол часа во Скопје направени 150 тестирања на црн дроб