Утрински Весник
Балкан

Поради високите температури, на територијата на Србија на е сила портокалов метео аларм

Re.jpg

Поради високите температури во цела Србија е на сила портокалов метео аларм што укажува на опасно време.

Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) предупреди дека силен и долготраен топлотен бран денеска ќе услови максимални температури од 33 до 37 Целзиусови, а од утре до крајот на неделата од 35 до 40 степени.

На подрачјето на Белград максималната температура денеска ќе се движи околу 35 степени, а од утре до крајот на неделата од 37 до 40 Целзиусови степени.

Можете да прочитате

Од куќа во Загреб украдени неколку стотици илјади евра

Вучиќ: Во четврток ќе донесеме одлука за претседателските избори

Спасени над 700 мигранти јужно од грчките острови Гавдос и Крит