Утрински Весник
Македонија

Во судир со автобус загина мотициклист на патот Охрид-Ресен

20240708100024 Big 730x400 16.webp.webp

На 07.07.2024 година во 19.40 часот, кај местото „Прентов мост” на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „мерцедес” со турски национални ознаки, управуван од М.А.(68) од Турција и мотоцикл „сузуки” без регистарски таблички, управуван од П.Т.(23) од битолското село Горно Оризари. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид извршија јавен обвинител и полициски екипи. Возачот на автобусот е приведен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Можете да прочитате

Разбиена радикална ќелија, најдено оружје, уапсени три лица

Уапсен скопјанец, од касата каде што работел си зел 50.000 евра

Ристовска вршела тортура врз вработените во ДКСК, тврдат од Левица