Утрински Весник
Македонија

Малолетничка тешко повредена во сообраќајка

Soobrakajka.jpg

На 05.07.2024 во 21.10 часот во Полициската станица Свети Николе, било пријавено дека на ул.„Септемвриска“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од П.О.(23) и мотоцикл „шинера“, управуван од малолетничка, двајцата од Свети Николе, а двете возила со светиниколски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Можете да прочитате

Десетгодишно дете почина по пад од тераса од стан во Тетово

Десет пријави има против сопругот на починатата Ивана, откри Тошковски

Прегазена жена во Злетово, починала на лице место