Утрински Весник
Македонија

Било пукано додека бил во автомобилот – МВР со нови детали за вчерашното убиство во Тетово

Screenshot 1 5 1024x612 1.jpg

Вчеравечер во 20 часот и 35 минути во СВР Тетово е пријавено убиството на маж, за кого според првичните информации од самото место се дознава дека бил на околу 40 години. Според првичната информација на СВР Тетово кон човекот било пукано додека бил во возило.

-Во 20.35ч. во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Штипска“ едно лице кое било со возило „Мерцедес“ пукало кон возило „БМВ“ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот, информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.

Можете да прочитате

ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Во битолската Зоолошка градина почина нилскиот коњ Берта

Одрони и магла на дел од патните правци во државата