Утрински Весник
Македонија

Од овој викенд топлотен бран од Африка повторно ја зафаќа територијата на Македонија

Index Crop.png

Метео анализа на Славчо Попоски. Од овој викенд територијата на Македонија повторно ќе биде под влијание на топол бран од Африка и истиот ќе предизвика позначителен пораст на температурите на воздухот, а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека утре (недела) тие насекаде ќе бидат над 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе се искачи до близу 40 степени.

Во Скопје викендов температурата ќе се движи во интервалот помеѓу 34 и 36 степени.

Ув индексот ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент 9, па така апелираме без потреба да не се излегува во најтоплиот дел од денот, односно од 11 до 17 часот. Исто така граѓаните да пијат и повеќе течности.

Можете да прочитате

Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно” на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки”

Прифатена предлог-резолуцијата на ДОМ за регулиран развој на дата-центрите од Европската зелена партија: време е за европски и јасни правила

Дискриминацијата и цензурата на Левица ќе бидат нотирани во европските извештаи, Крмов се сретна со претставници од Европскиот парламент