Утрински Весник
Македонија

Денес и утре (четврток) променливо и свежо во Македонија со повремено засилен северен ветер – Особено во западните предели и со локален пороен дожд

Gfs 1 36.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Денес и утре (четврток) во Македонија времето ќе биде значително посвежо и тоа поради влијанието на свежата воздушна маса која продира од север. Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец. Особено во западните предели ќе има  и појава на повремен локален пороен дожд проследен со ретки грмежи.

И во Скопскиот регион денес и утре (четврток) времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот некаде од 9 до 18 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен, што значи дека ќе бидат потпросечни за почетокот на јули.

Во Скопје максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 27 и 29 степени. Наутро пак таа ќе се спушта во интервалот помеѓу 13  и 15 степени.

Можете да прочитате

Тошковски: Уништени над 4 тони и 18 илјади стебла марихуана и повеќе од 21 килограми друга дрога

Атанасоски: ЛДП храбро се нуди како алтернатива на статус – квото

ВРЕДИ: Министерот Нуредини од ДУИ ја дал дозволата за складиштето во Трубарево