Утрински Весник
Свет

Русија собори седум украински авиони Су-27 при нападот на аеродромот Миргород

1708002705 WhatsApp Image 2023 01 22 at 23.22.13.jpeg

Руските војници соборија седум украински авиони Су-27 за време на ракетен напад на аеродромот Миргород во областа Полтава, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Беше прецизирано дека нападот во кој, според тврдењата на руското Министерство, биле уништени пет оперативни повеќенаменски ловци Су-27, а оштетени уште два, кои биле на ремонт, бил извршен со „Искандер-М“ проектили.

831-та тактичка авијациска бригада на Украина се наоѓа на воениот аеродром во Миргород, а се користи и како база за напади на Запорожје и правецот на Крим, наведува агенцијата РИА Новости.

Можете да прочитате

Трамп, Путин и Шjи Џинпинг се ракуваа во Кина, утре историска средба

Две лица повредени во земјотрес во Романија, најсилен од 2018 година

Европа стравува дека Трамп би можел да постигне договор со Путин без Украина