Утрински Весник
Македонија

ВИДЕО: Со два хеликоптера на МВР изгаснат пожарот во крушевско

Screenshot 20240701 220718 Youtube.jpg

Денеска (01.07.2024), два хеликоптера од Одделот за воздухопловни единици го изгаснаа шумскиот пожар кој попладнево изби во атарот на крушевското село Пуста Река.

По добиено барање од ЦУК, на пожарот двата хеликоптера исфрлија над 40 тона вода и во координација со пожарникарите, пожарот е целосно изгаснат.

Можете да прочитате

Свлечиште на патот кон Бањиче

Мицкоски да одговори колку пари чинело неговото возење со авион до море и со кого бил, бара СДСМ

Владата ги усвои измените на Законот за градење