Утрински Весник
Македонија

Косовец уапсен на аеродромот во Тирана во обид да прошверцува оружје и муниција

Rjmet Apsenje 333811.jpg

Дваесет и тригодишен маж со иницијали Д.Г., од Косово, бил уапсен од граничната полиција на аеродромот во Тирана, додека се обидувал да ја напушти државата.

– Од контролата преку скенерот, во неговата чанта, пронајдено и како материјален доказ е одземено eдно огнено оружје, пиштол со борбена муниција. Косовскиот државјанин имал намера да патува за Италија, стои во полициското соопштение.

Процесните материјали се предадени на Обвинителството при Основниот суд од општата надлежност Тирана за понатамошни дејствија, за сторено кривично дело „Шверц со оружје и муниција“.

Неодамна албанската полиција спречи неколку обиди за шверц на оружје и муниција од Косово во Албанија, оценувајќи ја оваа појава како загрижувачка.

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот