Утрински Весник
Свет

Американската држава Мериленд ќе поништи повеќе од 100.000 пресуди за употреба на марихуана

20240617073834 Big 730x400 84.webp.webp

Американската држава Мериленд ќе поништи 175.000 пресуди за употреба на марихуана издадени во текот на изминатите децении, објави синоќа нејзиниот гувернер Вес Мур во изјава за Вашингтон пост.

-Со потпишувањето на тој указ за помилување денеска, имам намера да исправам голем број историски грешки, изјави за американските медиуми Мур.

Повеќе од 100.000 луѓе кои имаат пресуди за поседување или пушење марихуана која сега е легална во земјата и широко се консумира, ќе исчезнат од нивните криминални досиеја.

Мериленд, држава со шест милиони жители на источниот брег на САД ја легализираше рекреативната употреба и продажбата на мало на марихуана на референдум во 2023 година. 

Можете да прочитате

Четири лица загинаа во Франција во пожар предизвикан од електричен тротинет

Трамп за нападите врз Украина: Му дадоа причина на Путин да влезе и да ги бомбардира

Еден загинат, 19 повредени во пожар во дом за стари лица во Шпанија