Утрински Весник
Македонија

Тешко повредено едно лице, откако возило излетало на железничка пруга

Soobra A Na Nesre A.webp.webp

Едно лице се здобило со тешки повреди, откако возило во текот на вчерашниот ден, излетало на железничка пруга, информираат денеска од Центарот за управување со кризи.

– Имаше брза, а ограничена со време, спасителна комбинирана акција за извлекување две повредени лица при сообраќајна несреќа. Нивното возило излетало на самата пруга, едното лице било потешко повредено. Се отстранувало хаварисаното возило од пругата до наредно поминување на воз Велес – Градско, меѓу 15.08 и 17.30 часот. Покрај пожарникарите, полицијата и Итната медицинска помош, на терен интервенирале и екипи на „АМСМ“, Јавното претпријатие „Македонски железници и инфраструктури“, појаснуваат од ЦУК.

Можете да прочитате

Мицкоски во Њујорк: НАТО, САД и ЕУ е една јасна геополитичка ориентација

Уапсен во Косово осомничениот за убиството во Дуќанџик

Муцунски на Глобалната платформа за регулаторни иновации: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка