Утрински Весник
Македонија

Петровска: Идниот претседател ако има кривичен прогон да поднесе оставка од позицијата – да не ја компромитира партијата

382842355 1065265221462956 7510283279814555690 N.jpg

Славјанка Петровска досегашната министерка за одбрана, најави во изјава за Телевизија Телма дека во следната недела и официјално ќе ја достави кандидатурата за претседателка на СДСМ.

Во текот на неделата ќе поднесам и официјална кандидатура согласно Статутот. Доколку не бидам избрана нема да прифатам или да извршувам било каква функција во партиските тела и во претседателството“ вели таа.

Петровска го коментираше и предлогот оној кој ќе загуби на изборите да не бара друга партиска функција, а предлогот е на Јован Деспотовски кој исто така ќе биде кандидат за претседател на СДСМ,

„За предложената изјава лично не сум против и ќе ја потпишам. Но прво ќе предложам дополнување дека доколку некој кандидат не биде избран нема да се кандидира по третпат за партиски претсeдател. Во изјавата треба да стои и дека доколку за било кој кандидат или веќе избран партиски претседател има или се отвори кривична постапка пред институциите, тој или таа ќе си даде оставка за да не ја компромитира партијата. Предлозите од партиските другарки и другарки треба да се разменуваат во партиска комуникација, а не преку медиуми изјави Петровска.

Можете да прочитате

Тројца мажи физички нападнале 30-годишник во Чаир

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес