Утрински Весник
Македонија

Утре прва официјална координација во Собранието

D0b0d0bad0be D0bdd0b5d0bcd0b0 80 D0bfd180d0b0d182d0b5d0bdd0b8d186d0b8 D0bdd0b5 D0b2d180d0b5d0b4d0b8 D0b4d0b0 D181d0b5 D0bfd180d0bed188 63cd8bcb75777.jpeg

Во Собранието утре ќе се одржи првата координација на претседателот Африм Гаши со претставници на партиите, по конститутивната седница. Претходно, како што информираат пратеници за МИА, имало неформална средба на претставници на парламентарните партии.

Претседателот на Собранието Гаши за МИА потврдува дека утре ќе има средба и дека ќе се разговара за следните активности, како и за тоа кога би можело да се одржи седницата за законите поврзани со промените на министерствата во Владата, но вели не знае дали ќе има договор.

Партиски извори за МИА велат дека најнапред ќе се формираат комисии за овие закони да бидат разгледани, па потоа тие да дојдат на седница. На утрешната координативна седница, како што се посочува, ќе се договара таа динамика.

Официјалните информации во однос на преговорите за состав на Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ се дека разговорите се уште траат. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција рече дека се уште нема ништо конкретно околу составот на идната влада. Од Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, пак, информираа дека во текот на следната недела ќе биде доделен мандатот за новата влада од кога ќе почне да тече рокот за нејзино формирање

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово