Утрински Весник
Македонија

Во моментот на пукањето во угостителскиот објект имало и други гости – Извршен увид на местото на убиството во Боговиње

Policija 1.jpg

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во Боговиње, каде едно лице беше лишено од живот со огнено оружје. Сторителот е идентификуван и лишен од слобода, а кај него е пронајдено и оружјето со кое го извршил делото.

Според првичните информации, настанот се случил во угостителски објект во кој во тој момент имало и други лица. Осомничениот и жртвата имале вербална расправија, по што сторителот извадил огнено оружје и започнал да пука. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за прибирање и вештачење на траги од лице место. Ќе се вршат разговори со сведоци на настанот и со други лица.

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово