Утрински Весник
Магазин

Душко Тошиќ и пишувал на Северина, па Карлеуша и возврати: Од илјада Северини, биди Карлеуша

Uploads Thumbs Resize 800x420 642030.jpg

Јелена Карлеуша е активна на социјалните мрежи и често го користи Инстаграм за да ги каже своите ставови без да дава изјави во медиумите, па така таа неодамна ги објави пораките кои си ги размениле нејзиниот сопруг Душко Тошиќ и Северина Вучковиќ.

Имено, пораките пристигнале кај Карлеуша откако Севе ѝ ги испратила, а од кои се гледа дека Душко ја иницира комуникацијата и бара средба, додека таа не изгледа заинтересирано.

Откако оваа преписка излезе во јавноста, Душко објави дека контактирал со пејачката од Хрватска за да ја ангажира да пее на јахтата што неодамна ја купил во Турција.

Според него, блиските пријатели му сугерирале дека најдобро би било да ја ангажираат Северина да пее на нивната забава.

Неодамна купив јахта која е паркирана на Босфор и сакав да го прославам тоа, па моите пријатели од групатаWhats up ми предложија да ни пее Северина. Тоа е причината за мојот контакт со неа, учтиво изјави Тошиќ за српски Курир.

Веќе со денови сите медиуми пишуваат за овој навидум љубовен тријаголник, а фивата сега со нова објава на Инстаграм повторно ја поткачи својата хрватска колешка споделувајќи објава на една од нејзините фан-страници преку која на сите им даде до знаење дека се согласува со напишаното.

Од илјада Северини, биди Карлеуша – пишува таа во рамките на своите приказни на Инстаграм додека се слушаат стиховите на нејзината популарна песна „Човек што мрази жени“.

Да потсетиме, Северина на Јелена ѝ ја испратила комуникацијата со Душко Тошиќ, наводно со желба да ја испровоцира, која Јелена ја објави. Во пораките се гледа дека Душко е тој што инсистира да се сретне и да пие кафе со Северина, која му одговора со строг тон, а во еден момент му вели дека не треба да ѝ пишува.

Како си Севе? Дали си во Белград? Па, да се запознаеме некаде на кафе! Дали работиш? Хаха, мора од некаде да почнам. Не сум многу креативен, нели? – гласи дел од пораките на Тошиќ, а Северина во еден момент изнервирано му одговора:

Извинете, но не разбирам што сакате? Не сме познаници, а не пак пријатели. Ако сте навикнати вака да им пишувате на жените, јас не сум од тие луѓе и не ми пишувајте – возврати Севе, на што Тошиќ ѝ одговори:

„Во ред!“

Можете да прочитате

Украдената слика на Тицијан, пронајдена на автобуска станица во Лондон

Американскиот натпревар во јадење хотдози во живо на Нетфликс

Четиригодишно девојче се здобило со изгореници додека пливалo во море во Грција