Утрински Весник
Македонија

Почина скопски таксист: возејќи патник на „Словенечка“ доживеал срцев удар

Img 8624.webp.webp

Таксист во Скопје почина од срцев удар.

Се работи за 62-годишен скопјанец со иницијали Ќ.В., кому му се слошило на булеварот Словенија додека превезувал патник.

Во моментот кога му станало тешко, управувајќи со возилото, таксистот излетал од коловозот и удрил во дрво.

По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар.

Извршен бил увид.

Засега нема информации од МВР дали патникот се здобил со повреди за време на ударот во дрвото.

Можете да прочитате

Муцунски: Со Хрватска нè поврзуваат блиски односи, доверба и сојузништво во рамки на НАТО

ЗНАМ останува со еден пратеник помалку, Цеков ја напушти пратеничката група

Македонските пензии по “швајцарски“ модел; прво предусловите, па формулата