Утрински Весник
Македонија

Зајкова демантира дека партијата размислува да му се приклучи на мнозинството во Собранието

Zajkova 681x464 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) Моника Зајкова ги демантираше информациите дека партијата размислува да му се приклучи на мнозинството во новиот состав на Собранието предводено од ВМРО ДПМНЕ. – Партијата ги демантираше ваквите шпекулации уште пред конститутивната седница во Собранието. Денес ќе носиме одлука за тоа каде членовите ја гледаат партијата во иднина. Ова е либерална и демократска партија во која не одлучува само раководството, туку се слуша гласот на членството, каде тие сметаат дека ЛДП треба да дејствува. Дотогаш ЛДП ќе дојствува независно и како и досега ќе дава поддршка на се она што значи реформаторски, добри закони кои овозможуваат напредок на општеството, но ќе биде и критичар на она што значи недобра политика за државата или граѓаните. Не може ЛДП да не даде поддршка на она што значи кратење на одредени органи од јавната управа или реорганизација, нешто што и самата го ставила во програма, рече Зајкова во изјава за медиумите пред почетокот на денешната седница на Централниот одбор на партијата. Централниот одбор на партијата на седница вечерва расправа за изборниот резултат од парламентраните избори на кои освои само еден пратенички мандат и за тоа во која насока ќе движи партијата во иднина.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен