Утрински Весник
Спорт

Арсенал со нов напаѓач ќе атакува на титулата

Ben Amin Sheshko La Pcig.jpg

Репрезентативецот на Словенија, Бенјамин Шешко ќе ја продолжи кариерата во редовите на англискиот фудбалски премиерлигаш Арсенал, објавуваат англиските медиуми. Напаѓачот на бундеслигашот Лајпциг се согласил да се пресели во Лондон за трансфер вреден 56 милиони евра. Според најавите од редовите на „топчиите“ корпулентниот напаѓач треба да биде новиот адут во обидот да се освои првата шампионска титула по 2004 година. За Шешко беа заинтересирани и Манчестер јунајтед и Челси, но тој одлучи да се пресели во тимот на Арсенал кој напредува од сезона во сезона. Во дресот на Лајпциг, Шешко последната сезона ја заврши со 14 гола и две асистенции на 31 натпревар во Бундеслигата.

Можете да прочитате

Игрите во Париз ќе бидат најпосетени во олимписката историја

Франција вечерва подготвува спектакуларно отворање на 33. Олимписки игри

ОИ 2024: Надал може да се откаже од настап во сингл