Утрински Весник
Македонија

Петровска ја потврди кандидатурата за претседател на СДСМ

Screenshot 2024 05 30 202401.png

Актуелната пратеничка и досегашна министерка за одбрана Славјанка Петровска потврди дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ, партија која ги загуби парламентарните избори одржани на 8 мај. Внатрепартиските избори во СДСМ се најавени да се одржат во јуни, а вечерва Централниот одбор на опозициската партија треба да се утврдат правилата околу постапката за избор на нов лидер по оставката на Димитар Ковачевски. Од утре треба да почне рокот за поднесување на кандидатури за избор на нов претседател на СДСМ. Официјалната потврда за влегување во претседателската трка во партијата од Петровска стасува откако неколку пати изминатите две недели во медиумите посочуваше дека размислува да се кандидира за лидер на СДСМ. Покрај Петровска, кандидатури за претседател на СДСМ најавија и Јован Деспотовски, актуелниот директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ТИРЗ) и ексминистерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче.

Можете да прочитате

Муцунски: Со Хрватска нè поврзуваат блиски односи, доверба и сојузништво во рамки на НАТО

ЗНАМ останува со еден пратеник помалку, Цеков ја напушти пратеничката група

Македонските пензии по “швајцарски“ модел; прво предусловите, па формулата