Утрински Весник
Македонија

ПРВИОТ ГОЛЕМ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА НИ Е НА ВРАТА: Температурите ќе пораснат на 35 степени, но поради нестабилност во атмосферата очекуваме и посилно невреме

Download 31.jpg

Периодот на локална попладневна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, како и со услови за локално посилно невреме во Македонија продолжува и во следниот период.

Токму поради ова апелираме на поголема внимателност, односно во случај на појава на силни електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Меѓутоа, од викендот, па некаде до средината на следната недела под влијание на изразено југозападно струење на висина, температурите позначително ќе пораснат и тие ќе бидат натпросечно високи и навистина летни и тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Не се исклучува можноста во овој период тие во најтоплите централни и југоисточни предели локално да надминат и 35 степени. Токму поради изразеното југозападно струење на висина, од викендот и тоа од Сахара кон Македонија ќе се врши транспорт на прашина и на песок, па така и атмосферата нема да биде во целост чиста и ќе биде заматена.

Во Скопје исто така од викендот температурата значително ќе се покачи и над 30 степени. И во Скопскиот регион, и тоа поради нестабилната атмосфера можна е повремена појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, со можност за поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме. Оваа нестабилност која ја очекуваме е поврзана со циклонската активност која ќе се наоѓа западно и северозападно од нас, односно над северна Италија.

Можете да прочитате

Постигнат договор за цената на црвената пиперка ајварка – 40 денари по килограм ќе се откупува

Млади момчиња уапсени, се обиделе да ограбат ЈЗУ во Велес

Гори над скопското село Кондово