Утрински Весник
Балкан

Наредено невропсихијатриско вештачење на Коста К. и членовите на семејствата на убиените

Kosta 1.jpg

Високиот суд во Белград денеска нареди да се изврши невропсихијатриско вештачење на момчето кое на 3 мај минатата година уби девет ученици и чуварот на основното училиште Владислав Рибникар и рани уште пет ученици и наставник по историја, како дел од граѓанската постапка.

К.К. ќе биде вештачен за околноста на пресметливост во моментот на делото.
Судот наложи и невропсихијатриско вештачење на сите тужители во оваа граѓанска постапка, односно членови на семејствата на убиените.

Поради обемот на вештачењата, судењето е закажано да продолжи на 24 октомври

Претходно денеска во судница беа сослушани поранешните вработени во тоа училиште, психологот Лидија Макшиќ, педагогот Јелена Вујичиќ и наставничката на момчето Весна Белавин.
Сите сведоци рекоа дека малолетниот К.К. не не се разликувал по однесување од другите ученици, а Максиќ изјавила дека не видела знаци на предупредување кога го тестирала за упис во училиште.

Таа во одговор на прашањата изјави дека отсуствата на К.К. беа оправдани главно со медицински оправдувања од приватната клиника.

Вујичиќ истакна дека не забележала ништо необично кај него и дека никој не и посочил дека има проблем со него.

Белави, кој четири години бил учител на К.К. рекла и дека бил одличен ученик, дека другарите сакале да го слушаат како им ги прераскажува книгите и дека знае да каже добро утро, благодарам и извини.

Таа изјавила и дека е особено педантен, но дека не се разликува од другите деца, додека зборувајќи за неговите родители, вели дека немала впечаток дека тие очекуваат многу од него.

Оваа тужба ја поднеле 27 членови на семејствата на убиените против момчето, неговите родители и училиштето во кое се случил масакрот.

Бранителот на Кецмановиќ во втората граѓанска постапка, бидејќи ги има вкупно пет, рече дека мајката на момчето нема да се брани во граѓанската постапка, а неизвесно е дали таа ќе присуствува на судењето денеска.

Покрај граѓанската постапка, се води и кривична постапка која е затворена за јавноста, а во која, како што дознаваме, и таткото и мајката ја негирале вината.

Момчето К.К., кое во моментот на злосторството сè уште немало 14 години и поради тоа не одговара кривично, со два пиштоли на татко му пукал во учениците.

Пиштолите ги зел на 1 мај, а кобниот ден ги ставил во ранецот, отишол на училиште и на првиот час уби 10 лица, а ранил уште пет деца и наставник по историја.

Можете да прочитате

По Македонија и БиХ и Грција ја стресе земјотрес

Попладнево земјотрес и во Босна и Херцеговина

Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени