Метео анализа на Славчо Попоски:
Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па во текот на целата наредна недела, однсоно до самиот крај на овој месец во регионот, како и кај нас во Македонија ќе биде многу нестабилно со чести врнежи, грмежи, силен ветер и локална појава на невреме.
Ќе се задржи значително потопло, но токму ова ќе придонесе Атмосферата да биде многу загреана и исполнета со енергија, па така локално се очекуваат и по силни временски непогоди, проследени со обилни поројни врнежи од дожд за кратко време кои би можеле да придонесат за локални поројни поплави, бурен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на крупен град.
И во Скопскиот регион од вечерва, па во текот на наредната недела ќе биде многу нестабилно со честа појава на локален пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за локално невреме.
КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ: Во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на појава на силен ветер, автомобилите да се заштитат, односно да бидат подалеку од дрвјата.