Утрински Весник
Македонија

Петмина повредени во сообраќајна несреќа на патот Кичево – Осломеј

Soobra a ka.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На 17.05.2024 во 22.55 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Осломеј се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат” со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(18), патничко возило „фолксваген пасат” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(33) и патничко возило „ауди” со кичевски регистарски ознаки управувано од В.Х.(59), сите од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило „фиат”, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, возачот на патничкото возило „пасат” и неговиот сопатник Ќ.Р.(30) од с.Туин,кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Можете да прочитате

Турчин се обидел да влезе во Македонија со фалсификат

Расте интересот на турските државјани за македонско државјанство

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат  – 24info.mk