Утрински Весник
Македонија

Неексплодирана рачна бомба пронајдена на улица во Демир Капија

112.jpg

Неексплодирана рачна бомба била пронајдено вчера на улица во Демир Капија, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според соопштеното од Регионалниот ЦУК – Велес, во 13.05 часот на 112, добиена била информација за пронајдено експлозивно неексплодирано убојно средство на улицата „Партизанска“ број 1 во Демир Капија.

– Од ЦУК веднаш се информирани ПС – Неготино и ДЗС – Неготино, ДЗС – Гевгелија. Во 16.15 часот, опасното неексплодирано убојно средство е безбедно подигнато, отстрането, од страна на пиротехничар, појаснуваат од ЦУК.

Можете да прочитате

Тешко повреден градежен работник кој работел на аеродромот во Охрид

Струмичанец среде Охрид ја тепал својата сопруга

Мицкоски: За нов Клинички центар разгледуваме локација кај базенот „Борис Трајковски, заедно со  „8 Септември” и поликлиника Букурешт би бил еден целосен комплекс