Утрински Весник
Македонија

Тркалезна маса за криминалистички истраги за еколошки кривични дела

20240512113948 Big 730x400 25.webp.webp

Факултетот за безбедност – Скопје денеска ќе организира тркалезна маса  на тема „Криминалистички истраги за еколошки кривични дела во Република Северна Македонија”.

Како што соопшти организаторот, целта на настанот е преку дискусија да се придонесе за подобрување на состојбите за сузбивање на еколошкиот криминалитет, зголемување на ефикасноста на криминалистичките истраги, зајакнување на капацитетите во полицијата, обвинителството и судството, да се  согледаат одредени недостатоци и да се посочат евентуални предлози за подобрување на актуелната состојба.

Тркалезната маса ќе почне со обраќања на проректорот на Универзитет Св. „Климент Охридски“- Битола, проф д-р Јове Талевски, и деканот на Факултетот за безбедност – проф. д-р Никола Дујовски.

Можете да прочитате

ДОМ: Данок за немажени и неженети е спротивен на Уставот и даночната правда

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР