Утрински Весник
Спорт

Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се пресметаат за вториот билет на „Вембли“

225993 Spektakl Na Bernabeu Real I Baern Vo Borba Za Mesto Na Vembli 2x.png

Реал Мадрид и Баерн Минхен вечерва (21 ч.) на „Сантијаго Бернабеу“ ќе одлучат кој ќе биде вториот финалист во елитната фудбалска Лига на шампионите (ЛШ), каде се пласира Борусија Диортмунд. Првата пресметка меѓу шпанскиот и германскиот великан во Минхен заврши без победник (2:2). Финалето ќе се игра на „Вембли“ на 1 јуни. Традицијата е на страната на Реал Мадрид, кој го елиминираа Баерн Минхен во минатите три дуели. Германците мака мачат против Реал Мадрид и на последните осум средби се без победа, претрпеа шест порази, а двапати ремизираа. Тренерот на „кралевите“Карло Анчелоти има многу добар скор против баварскиот гигант, со шест победи, три нерешени и ниту еден пораз на деветте натпревари на клупата на Милан и на Реал Мадрид. Баерн има само еден пораз на последните 12 натпревари против шпанските тимови, дома или на гости (седум победи и четири ремија), но уште загрижувачки е тоа што испадна во шест од последните осум дуели против екипи од оваа земја.

Можете да прочитате

И второто злато на ОИ 2024 за Кина

Ѓуретановиќ не го исплива неговото најдобро време на Олимпијадата во Париз

Кинеската стрелачка репрезентација го освои првиот златен медал на Олимпијадата 2024