Утрински Весник
Балкан

Се урна рингишпил во Куршумлија – повредени 13 деца едно е во животна опасност

Screenshot 2024 05 08 145434.jpg

Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми. Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко. Станува збор за девојче чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и кичмата. Таа била итно префрлена во КЦ Ниш на Одделот за неврохирургија. Седум деца се во друга болница каде е во тек понатамошна дијагностика, додека другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.

Можете да прочитате

По Македонија и БиХ и Грција ја стресе земјотрес

Попладнево земјотрес и во Босна и Херцеговина

Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени