Утрински Весник
Македонија

Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

1709104615 pendarovski.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака:

„Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество.

Квалитетните, професионални и независни новинари, коишто ја сфаќаат сериозноста и тежината на креирање на јавното мислење, можат да претставуваат силен глас на јавноста.

Затоа мора да продолжиме да вложуваме во воспоставувањето стандарди со кои медиумите ќе можат слободно и независно да работат и да се развиваат. Да градиме атмосфера во која медиумските работници ќе се чувствуваат безбедно и заштитено. Да имаме доблест да ја прифатиме критиката и да ја поддржиме слободата на изразувањето. Само така ќе имаме моќни и силни медиуми и новинари коишто ќе бидат објективни во известувањето и ќе ѝ служат на јавноста, а не на политичките елити и на изворите на финансирање. 

На сите медиумски работници им го честитам Светскиот ден на слобода на медиумите.”

Можете да прочитате

Почна снимањето на долгометражниот игран филм „Голиот Рид“, во режија на Игор Алексов 

Во декември МВР регистрирала 18.318 сообраќајни прекршоци

СДСМ: Кујните на ВМРО прават дефокус од криминалните тендери!