Поранешниот главен преговарач на Приштина, Едита Тахири, истакна дека премиерот на привремените институции на Приштина, Албин Курти, само и нанесува неизмерна штета на Приштина зборувајќи за укинување на динарот.
Таа на својот Фејсбук напиша дека Курти продолжува да шири пропаганда кога е во прашање укинувањето на динарот, со што го збуни целиот свет, а еврото се користи на Косово од 90-тите години.
Курти го збунува светот со пропагандата за динарот – каков автогол… Незнаењето е мизерија на умот“, порача Тахири на Фејсбук.
Централна банка на Косово издаде декрет за забрана на користење динари од 1 февруари, што им создаде огромни проблеми на граѓаните кои примаат приходи и социјална помош во динари.