Утрински Весник
Македонија

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Подгответе се за невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град

Download 10.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почитувани, како што долго време најавуваме, од утре 1.5.2024 па во следните денови (вклучувајќи ги и Велигденските празници), територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклон од запад и истиот ќе услови променливо и нестабилно време, со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално и повремено процесите ќе бидат поинтензивни, и застапени во форма на невреме, проследено со силен ветер  и со појава на град. Токму поради ова препорачуваме крајна внимателност.

И во Скопскиот регион од утре, па се до крајот на оваа недела следува променливо и нестабилно време, повремено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на опаѓање, особено од средината на оваа недела кога ќе бидат под просекот и на повеќе места ќе бидат под 20 степени, понекаде  и под 15 степени.

Со овој циклон, поради падот на температурите, и поради спуштање на посвежа воздушна маса од север, повремено на највисоките планински врвови на северозападот не се исклучува  и можноста за порвејување на слаб снег.

Можете да прочитате

Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крај на денот локални врнежи од дожд

Јанев: Со мојот тим создаваме услови секој полицаец да се чувствува почитуван и мотивиран