Утрински Весник
Македонија

Ахмети: Ние сме за мир, не сакаме да ја враќаме болната историја

Img 7433.jpeg
Dik 300x250 mk

Лидерот на ДУИ и носител на изборната листа за пратеници на „Европскиот фронт“ во шестата изборна единица Али Ахмети, вечерва на средба со жителите на Доброште и Желино порача дека на 8 мај граѓаните ќе бираат меѓу интеграција и изолација.

Тој нагласи дека ДУИ е за мир, стабилност и за иднина во ЕУ, а за „болната историја“ порача дека треба да остане во сеќавањето.

“Сега имаме две филозофии, интеграција и изолација, за ова на изборите на 8 мај граѓаните ќе одлучат. Ние сме за мир, ние сме за стабилност, ние сме за најголема безбедност, ние сме за иднината, ние не сакаме да ја враќаме болната историја, на неа треба да се сеќаваме, но да не ни се повтори, да ја изградиме иднината. Нашата иднина е во ЕУ, нашата иднина е нула проблеми со соседите, да работиме како што сме работеле досега, како што го решивме проблемот со Грција, и како резултат, станавме членка на НАТО, со што обезбедивме многу голема безбедност на нашето место. Како што дадовме придонес и во проблемот со Бугарите“, рече Ахмети.

Можете да прочитате

Акредитирани 1622 набљудувачи за вториот круг од локалните избори, 957 домашни и 651 меѓународни и 14 новинари

Претпладне магливо, попладне сончево – 24info.mk

Победник на изборите за градоначалник е оној што добил повеќе гласови, ако не се изврши избор Владата именува повереник