Утрински Весник
Свет

Стотина приведени на протест во Ереван поради разграничувањето со Азербејџан

20240425091300 Big 730x400 85.webp.webp

Ерменската полиција приведе стотина демонстранти кои го блокираа сообраќајот во Ереван поради договорот со кој ерменскиот премиер Никол Пашинјан се согласи да отстапи неколку погранични области на соседен Азербејџан.

Британските медиуми јавуваат дека полицијата насилно ги растера демонстрантите кои го блокираа сообраќајот во центарот на градот, откако претходно тие ја одбија наредбата да се разотидат.

На состанокот на претставниците на Баку и Ереван на 19 април беше постигнат прелиминарен договор за разграничување во близина на осум погранични села.

Во вторникот на границата меѓу Азербејџан и Ерменија, согласно договорите за определување на државната граница, беше поставен првиот граничен премин. Преминот е поставен во рамките на работата на дефинирање на координатите врз основа на геодетските мерења на површината, пренесе агенцијата Азертас, повикувајќи се на канцеларијата на азербејџанскиот вицепремиер, Шахин Мустафаев.

Можете да прочитате

Украинската армија тврди дека ја вратила контролата врз северниот дел на Купјанск

 ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Германија го повика рускиот амбасадор поради хибридни закани