Утрински Весник
Спорт

Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та 

D187d0b0d0b2d0b8 D0b4d0b0 D0bfd0bed0b1d0b5d0b4d0b5d0b2d0bcd0b5 D19cd0b5 D0b1d0b5d188d0b5 D183d188d182d0b5 D0bfd0bed183d0b1d0b0d0b2d0be 63dac65d765c7.jpeg
300x250 (7)

Иако во јануари, разочаран од резултатите и перформансите на тимот, Чави Ернандез најави повлекување од тренерската клупа на Барселона на крајот од сезоната, младиот шеф на стручниот штаб доцна синоќа потпиша договор до 2025 година.

Потпретседателот на клубот, Рафа Јусте е пресреќен поради ваквиот епилог од преговорите меѓу играчката легенда на шпанскиот великан од „Камп Ноу“ и првиот човек на управата Жоан Лапорте одржани во домот на претседателот. .

Ss1

-Чави е многу возбуден поради проектот, тој продолжува да работи затоа што е ентузијаст и затоа што не сака. Тој е исклучително чесен човек, посветен на работата и наш Каталонец, што го покажува со дела, а не само со зборови. Никогаш не сме барале друг тренер, уверува менаџерот на клубот на актуелниот шампион на Шпанија.

Иако Барса со поразот во последното „Ел Класико“ практично му ја отстапи титулата на вечниот ривал Реал и ја заврши мисијата во Лигата на шампионите, повторно останувајќи без крајот на елитното европско натпреварување, раководството верува во Чави на долг рок.

-Одлуката беше едногласна. Спортскиот директор Деко сто проценти застана до тренерот. Не освоивме титули, но ентузијазмот останува. Ја подобруваме играта и им даваме простор на младите играчи. Верувам дека соработката со Чави ќе вроди со плод, оптимист е Јусте во врска со престојот на човекот кој тимот го презеде во 2021 година.

Ss1

Можете да прочитате

Синер го откажа настапот во Рим поради повреда на колкот

Серхи Роберто ќе потпише нов договор со Барселона

Пол-позицијата на Ферстапен пред спринт трката во Мајами