Утрински Весник
Свет

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Турција

Zemjotres2.jpg

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди централна Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот се случил на длабочина од осум километри, додава EMSC.

Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри североисточно од градот Турхал, кој има околу 110.000 жители.

Засега нема информации за евентуална материјална штета.

Можете да прочитате

Пожар во фабриката на Панасоник на Тајван, повредени пет луѓе

Вајдел побара Зеленски во Берлин да се изјасни за наводите за незаконско задржување и малтретирање луѓе

Трамп им честиташе на демократите по поразот на меѓуизборите во САД