Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Јавното здравство бесплатно за сите – здравството ќе биде за граѓаните, не за функционерите

Img 6702.jpeg

„Со точно предвидени мерки и добар план, денес ве известувам дека ќе ја укинеме партиципацијата од 20% и јавното здравство за прв пат ќе стане бесплатно за сите“ рече претседателот на СДСМ, Диммитар Ковачевски на граѓанскиот митинг во Тетово.

Тој додаде дека пари за тоа ќе се обезбедат, бидејќи по 8 мај нема да има купови на членови на управни и надзорни одбори, директори, заменици и заменици на заменици директори кои не знаат ни каде им е местото.

„Земаат паушали, а ништо не работат. Има да се знае кој е директор, кој е доктор. Тоа ќе биде македонското здравство – здравство за граѓаните, а не здравство за функционери“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ исто така кажа дека ќе се врати и достоинството на медицинскиот персонал со обезбедување на европски плати.

„Обезбедуваме плати до 180.000 денари за специјалистите, 120.000 денари за општите доктори и до 90.000 денари за медицинските сестри. Немаме веќе ниту време ниту кадар за извоз. Нашите медицинари мора да останат тука и дома да си ја градат иднината и да се грижат за нашите граѓани, а не за туѓи граѓани“ истакна Ковачевски.

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите