Утрински Весник
Свет

Израел: Хамас го одби предлогот за заложници, продолжуваме во Газа со полна сила

Gaza.jpeg

Хамас го отфрли последниот предлог за договор за враќање на израелските заложници и Израел ќе продолжи да ги остварува своите цели во Газа со полна сила, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Во соопштението на израелската разузнавачка служба Мосад, пренесено од канцеларијата на Нетанјаху, се вели дека отфрлањето на предлогот покажува дека Хамас не сака договор и се обидува да ги искористи тензиите со Иран и да доведе до регионална ескалација на конфликтот.

Последниот план за прекин на огнот беше ставен на маса од посредниците во Каиро една недела претходно. Отфрлањето на предлозите поднесени од трите земји посредници во преговорите – САД, Египет и Катар, покажува дека лидерот на Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвар „не сака хуманитарен договор, ниту враќање на заложници“, се вели во соопштението на Мосад.

„Тие сакаат да ги искористат тензиите со Иран со цел да се постигне ескалација во регионот“
Синвар продолжува да ги користи тензиите со Иран за да постигне ескалација во регионот, се додава во соопштението објавено неколку часа по нападот на Техеран, кој лансираше стотици беспилотни летала и проектили кон Израел, без да предизвика значителна штета.

Израел „ќе продолжи да работи за да ги постигне целите на војната против Хамас со сите сили и ќе го преврти секој камен за враќање на заложниците од Газа“, додаде Мосад.

Можете да прочитате

(Видео) По силни турбуленции за време на лет патник починал во авионот кој принудно слетал во Тајланд

Ердоган: Изборот за песна на Евровизија промовира родова неутралност и го загрозува традиционалното семејство

Пекинг се ослободува од доларот, продаде најмалку 53,3 милијарди долари американски обврзници