Утрински Весник
Свет

Полицијата соопшти кој е напаѓачот од Сиднеј

D2596f3a D5ef 45d4 93cb 10e3011ba2cd.webp.webp
300x250 (7)

Чобекот кој вчера избоде шест лица до смрт во Сиднеј имал историја на проблеми со менталното здравје и нема индикации дека идеологијата била мотив зад нападот во трговскиот центар, соопшти полицијата.

Напаѓачот, идентификуван од полицијата како 40-годишниот Џоел Каучи, и е познат на полицијата во соседната држава Квинсленд, а полицијата разговарала со неговото семејство по вчерашниот напад, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс и Квинсленд. Семејството го препознало и стапило во контакт со полицијата откако ја видело веста за убиствата.

Ss1

„Кога семејството ги виде снимките од настанот на телевизија, помислија дека можеби е нивниот син и ги контактираа властите“, изјави Роџер Лоу, помошник полициски комесар во Квинсленд. Каучи избоде шест лица до смрт и повреди најмалку 12 пред да биде застрелан од инспекторката Ејми Скот, која самата се соочи со него.

На Каучи му биле дијагностицирани проблеми со менталното здравје кога имал 17 години и бил во чест контакт со полицијата во последните четири до пет години, рече Констабл Лоу од Квинсленд. Тој живееше скитнички живот, неодамна спиеше во својот автомобил и ретко стапуваше во контакт со мајка си преку пораки, рече Лоу, додавајќи дека неодамна се преселил во Сиднеј.

Полицијата соопшти дека го пребарала малиот простор за складирање што тој го изнајмил, но не нашле докази што укажуваат на тоа дека планирал напад.

Од шестмината убиени, пет се жени. Шестата жртва е чувар на трговски центар, соопшти полицијата. Меѓу оние кои се пренесени во болница со убодни рани има и деветмесечно бебе кое е во тешка, но стабилна состојба, додаваат тие. Ешли Гуд, мајката на бебето од повредите починала во болница, соопшти нејзиното семејство.

Ss1

Можете да прочитате

Светски економски форум: Вакви нивоа на долг не се забележани уште од времето на Наполеон

Пропалестинските демонстранти ја окупираа зградата на Американскиот универзитет Колумбија

Турк вознемирен од третманот на пропалестинските протести на американските универзитети