Утрински Весник
Македонија

Шкријељ: Пендаровски е претседател на сите граѓани со визија за европска иднина

Screenshot 2024 04 12 125107.png

Изборот пред граѓаните на овие претседателски избори е помеѓу надеж со Пендаровски и враќање во минатото со Силјановска. Пендаровски е прогресивен поличар со јасна визија за европска иднина на државата.Силно го поддржува членството во ЕУ и НАТО, порача на денешната прес-конференција Санела Шкријељ, пратеничка од редовите на СДСМ и додаде:
-Човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните туку ги обединува.
Во досегашниот мандат Пендаровски покажа што значи да се биде вистински претседател на сите граѓани, без разлика на етничка, верска или друга припадност.
Тоа е нашиот претседател Стево.
Не само што го врати угледот на позиција туку покажа и интегритет во носењето на одлуките, независно од било која партија.
Без афери, без скандали, без ниту една дамка и без ниту една погрешна одлука.
На граѓаните им е доста од делби и поделби. Време е за државнички одлуки за иднината на сите граѓани.
Со глас за Стево обезбедуваме сигурна европска иднина, подобра иднина за сите.

Можете да прочитате

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел