Утрински Весник
Свет

ФАА отвори истрага откако отпадна капак од мотор на авион „Боинг 737-800“ на полетување од Денвер

20240408082912 Big 730x400 6.webp.webp

Капак на моторот на авион „Боинг 737-800“ на компанијата „Саутвест Ерлајнс“ (Southwest Airlines) во неделата за време на полетувањето од аеродромот во Денвер падна и удри во крилото, поради што американската Федерална управа за авијација (FAA) отвори истрага. 

Британските медиуми пренесуваат дека никој не е повреден на летот 3695 на компанијата „Саутвест“,  а авионот безбедно се вратил на аеродромот. 

Авионот требало да лета за Хјустон, а во него имало 135 патници и шест членови на екипажот. 

„Боингот“ се искачи на височина од 3.100 метри, а потоа се вратил во Денвер, 25 минути по полетувањето.

Можете да прочитате

Стармер во разговори со сојузниците за можно распоредување сили на Гренланд

Прва жртва во катастрофалните пожари во Австралија

Трамп нарачува план за инвазија на Гренланд, воените претставници се спротивставуваат