Утрински Весник
Скопје
300x250 opst2

Расчистена е дивата депонија во Капиштец, спроти Католичка црква

Whatsapp Image 2024 04 05 At 10.30.39 F25662e9.jpg
Dik 300x250 mk

Општинските служби ја расчистија депонијата во напуштениот објект во Капиштец спроти Католичката црква. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски известува дека од локацијата во неколку наврати се отстрани смет, шут, кабаст и градежен отпад. Депонијата беше потенцијален извор на разни инфекции, но и опасност за безбедноста поради собирање бездомници кои палеа оган од насобраното ѓубре.

„Ваквите депонии мора да бидат расчистени од причина не само што ја нагрдуваат сликата во општината, туку поради тоа што најчесто се дувло на бездомници и потенцијални жаришта на зарази и нови пожари. Јавната хигиена и здравјето на граѓаните мора да биде на прво место”, вели Герасимовски.

Општина Центар пред три месеци ги повика граѓаните да пријавуваат диви депонии преку телефонскиот број 02 3203 693 или на веб сајтот на општината преку следниот линк https://www.centar.gov.mk/?page_id=6768. Општина Центар има за цел да ги расчисти сите диви депонии на целата територија на општината.

Можете да прочитате

Шукова: Скопје ќе стане отворен и дигитален град

Меџити: Милиони евра се инвестираат за развојот на Чаир

Шукова: Отпадот е ресурс, време е Скопје да добие чист и одржлив систем за управување со отпад