Утрински Весник
Свет

САД сметаат дека Палестинците треба својата државност да ја бараат преку директни преговори, а не преку ОН

D0b1d0b5d0bbd0b0 D0bad183d19cd0b0 D0bdd0b5d0bcd0b0 D0b5d0b2d0b8d0b4d0b5d0bdd186d0b8d198d0b0 D0b7d0b0 D0bfd0bed181d0b5d182d0b8d182d0b5 63cba40957f7e.jpeg

САД најавија дека формирањето на независна палестинска држава треба да се бара преку директни преговори меѓу страните, а не преку Обединетите нации.

Палестинските власти вчера побараа повторно разгледување на барањето за полноправно членство во Обединетите нации од 2011 година. Палестина беше де факто признаена како суверена држава откако Обединетите нации во 2012 година и дадоа статус на земја-набљудувач нечленка.

Позицијата на САД, најважниот сојузник на Израел, ја одразува позицијата на Израел по ова прашање.

„Воспоставувањето независна палестинска држава треба да се постигне преку директни преговори меѓу двете страни“

Барањето за полноправно членство во ОН мора да биде одобрено од Советот за безбедност на ОН, каде што САД можат да стават вето, а потоа од најмалку две третини од Генералното собрание од 193 члена.

Запрашан дали САД ќе го искористат своето вето во Советот за безбедност за да ја блокираат палестинската кандидатура, портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер, изјави дека нема да шпекулира за „што може да се случи подоцна“.

Тој додаде дека формирањето на независна палестинска држава, со безбедносни гаранции за Израел, треба да се постигне преку директни преговори меѓу двете страни. 

-Тоа е нешто кон што тежнееме во овој момент, а не преку Обединетите нации, нагласи Милер. 

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење