Најпознатото клупско натпреварување во светот, Лигата на шампионите, го менува форматот и го зголемува наградниот фонд во сезоната 2023/24.
Лигата се проширува од 32 на 36 клубови, а фондот се зголемува за половина милијарда евра.
Поточно, наместо претходните две, клубовите ќе поделат 2,5 милијарди евра. Така, за сите клубови кои ќе влезат во главната фаза од натпреварувањето, финансиската награда ќе изнесува 18,6 милиони евра, што е за околу три милиони повеќе од досега.
Победата ќе биде наградена со 2,1 милиони евра, а нерешениот резултат со 700.000 евра. Во превод секој поен вреди точно 7000 евра.
Натпреварувањето со 32 клуба поделени во осум групи со четири екипи дефинитивно заминува во историјата, a наместо тоа ќе се игра една лига со 36 клубови.
Во овој нов формат, секој тим ќе одигра најмалку осум натпревари, но не против исти противници дома и на гости. Екипите ќе бидат поделени во четири силни групи и секоја ќе игра по две екипи од секоја силна група, еден натпревар на својот стадион и еден на гости.
На овој начин, се надеваат од УЕФА, на екипите ќе им се даде можност да се тестираат против пошироката конкуренција, а великаните ќе играат повеќе еден против друг.
УЕФА ги појасни критериумите според кои четири дополнителни екипи влегоа во Лигата на шампионите. Едната екипа ќе биде третопласираната екипа од петтата најсилна европска лига според коефициентот на УЕФА, а во моментов тоа е француската Лига 1. Другата екипа ќе биде национален шампион со најдобар коефициент, кој нормално би играл во квалификациите. Во Лигата на шампионите досега низ четирите прелиминарни кола влегоа четири екипи, а од следната сезона ќе влезат пет. Третата и четвртата дополнителна екипа влегуваат врз основа на добрите перформанси минатата сезона. Според коефициентот и учинокот од минатата сезона, УЕФА автоматски ќе „вметне“ две екипи во главната фаза од Лигата на шампионите.