Утрински Весник
Свет

Антивладините демонстранти во Израел поставија шатори пред зградата на парламентот

20240401113851 Big 730x400 90.webp.webp
Ss2

Илјадници луѓе во Израел поставија стотици шатори пред зградата на парламентот во западен Ерусалим, барајќи оставка од владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, предвремени избори и враќање на израелските заложници од Газа, јавија турски медиуми.

По антивладините демонстрации во Израел, на кои во неделата вечерта присуствуваа околу 100.000 луѓе, некои групи поставија стотици шатори пред израелскиот парламент.

300x250 (7)

Групи организатори на протестите кои бараат оставка од владата на Нетанјаху, предвремени избори и враќање на израелските заложници најавија дека ќе останат во шатори четири дена.

Илјадници луѓе присуствуваа на протестите одржани на десетици локации, вклучувајќи ги Тел Авив, Кајсарија, каде што се наоѓа личната резиденција на Нетанјаху и северниот град Кфар Саба.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека барањата за предвремени избори поставени за време на неодамнешните протести кои се интензивираа низ целата земја ќе го парализираат Израел.

Илјадници луѓе протестираа низ Израел во саботата против актуелната влада предводена од премиерот Нетанјаху, барајќи договор за размена на затвореници со палестинската група Хамас.

Израел и меѓународната заедница го обвинуваат премиерот Нетанјаху дека поради политички причини не склучил договор за размена на затвореници со Хамас.

Ss1

Можете да прочитате

(ВИДЕО)Во Турција приведени 36 лица осомничени за поврзаност со „Исламска држава“

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди Турција

Бајден го повика Сенатот да ја одобри помошта за Украина, Израел и Тајван