Утрински Весник
Свет

Амстердам: Прекинат железничкиот сообраќај поради експлозија на банкомат

Pcl Aug. 2022.jpg

На железничката станица во Амстердам денеска сообраќајот беше во прекин поради експлозија на банкомат.

Портпаролот на локалната полиција изјави дека разбојниците предизвикале експлозија во продавницата за билети на станицата Амстердам Зуид околу 4:10 часот и дека никој не е повреден, пренесува NL Times.

Полицијата ја опколи станицата, Службата за уништување експлозивни направи на холандското Министерство за одбрана и форензичарите се на терен за да го испитаат инцидентот, но се уште не е потврдено дали сторителите украле нешто.

Портпаролот на полицијата изрази очекување дека патничките железнички услуги ќе се вратат на нормалниот возен ред за време на шпицот и ги повика патниците да ги следат информациите за возниот ред пред да патуваат.

Во меѓувреме, патниците до и од Амстердам Зуид можат да го користат метрото, автобусите и трамваите, кои сообраќаат редовно.

Можете да прочитате

Пронајдена „црната кутија“ од авионот на Ер Индија што се урна во Ахмедабад

Две лица загинаа, а 19 се ранети во четвртиот ирански напад врз Израел

Седиштето 11A: Единствениот преживеан и мистеријата на „среќното место“ во падот на Air India