Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ванковска: ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе мора да бараат прошка од оние наводни 25.000 граѓани чии потписи завршија на буниште

Vankovska 2 800x445 1.jpg
300x250 opst2

Досега чекав официјален став од ВМРО-ДПМНЕ, па не реагирав. Таков нема досега, нема демант ниту од кандидатката, а медиумите ја пренесуваат веста дека кандидатурата на проф. Силјановска е само со потписите на пратениците, а се повикуваат на извори во ДИК, објави професорката Билјана Ванковска.

„Штета што прочка помина, зошто сега ќе мораа да бараат прошка од оние наводни 25.000 граѓани кои се потпишуваа за претседателска кандидатура, а чии потписи завршија на буниште. Не разбирам како е можно „голема“ и „народна“ партија да си дозволи луксуз од процесот на собирање потписи да направи шоу за еден ден, да натера луѓе да чекаат дисциплинирано во редици пред канцеларии на ДИК или кај нотари… Чуму? Како е можно она што беше опишано како „човечки и граѓански пркос“ и давање легитимација одеднаш да стане неважна дребулија во процесот на кандидирање зад кој сега наводно стојат само пратенички потписи? Велам наводно, бидејќи уште сакам да верувам дека она на 3 март не бил само обичен политички блеф и спектакл“ напиша Ванковска

Можете да прочитате

Николоски: Со најголемиот инфраструктурен проект, брзата пруга Скопје-Солун, Гевгелија ќе биде центар за туризам и бизнис во регионот

Џипот на разбојниците од Гостивар пронајден запален на патот кон Стража

Филипче од Гази Баба: Овие избори се борба за вредностите на социјалдемократијата, за праведна држава и достоинствен живот за сите