Утрински Весник
Македонија

Романот „Единствен матичен број” на Лидија Димковска е добитник на овогодишната награда „Роман на годината” 

Capture 4.jpg

Жири-комисијата составена од Влада Урошевиќ, Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огненовски и Катерина Богоева го избра романот „Единствен матичен број” на Лидија Димковска, во издание на ТРИ, за„Роман на годината”,соопштија од издавачкиот центар ТРИ.

„Единствен матичен број” е четврти роман на авторката, од кои „Резервен живот” исто така беше во најтесниот круг за оваа награда во 2012 година. 

Наградата „Роман на годината”, едно од најпрестижните и несомнено најпосакуваните признанија во домашната книжевност, првпат е доделена во 1999 година, од „Утрински весник”, а од 2017 до денес се доделува од Фондацијата „Славко Јаневски”.

За Издавачки центар ТРИ ова е петта награда „Роман на годината”. Лидија Димковска се придружи на низата квалитетни автори кои во издание на ТРИ претходно се здобиле со ова признание – Венко Андоновски со „Папокот на светот” (2000 г.), Кица Колбе со „Снегот во Казабланка” (2006 г.), Јагода Михајловска-Георгиева со „Индиго Бомбај” (2008 г.) и Митко Маџунков со „Птиците од ланските гнезда” (2012 г.).

Лидија Димковска веќе има освоено повеќе награди за нејзината проза, од кои ги издвојуваме – двапати наградата „Стале Попов” на Друштвото на писателите на Македонија и награда на Европската Унија за литература за романот „Резервен живот”. Токму затоа, таа сосем заслужено е една од најпреведуваните домашни авторки. 

Можете да прочитате

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Меџити тоа што не може да го блокира, го узурпира, реагира Ирена Витина