Утрински Весник
Македонија

ФОТО: Шлепер се превртел на патот Скопје – Блаце, сообраќајот во прекин

IMG 20240309 WA0001.jpg

Шлепер се превртел утрово на патот Скопје – Блаце, по што сообраќајот е во прекин.

Како што информира МВР, за среќа нема повредени лица

,,На 09.03.2024 год. во 06:50 часот на магистрален пат Скопје – граничен премин Блаце случена е сообраќајна незгода при што ТМВ МАН изгубил контрола и истиот се превртел на коловоз при што се зафатени двете коловозни ленти, повредени нема. Известени се ПС за ГП Блаце и сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци. На лице место се растовара роба од камионот од околу 25 тона пластика за пвц и присутна и служба од царина” наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

„Без личен асистент сме беспомошни“ – семејство открива како се живее со мултиплекс склероза

Приведен осомничен за измама од над 88.000 евра – лажно ветувал лекување во странство

Мицкоски: Реформите да бидат инклузивни, одржливи и со конкретни резултати